Изградбата на патиштата и нов систем за наплата на патарините, приоритет за 2011

Bez autora
Dec 20 2010

Завршување на автопатската делница Табановце - Куманово, продолжување со изградба и реконструкција на регионалните и локалните патишта, воведување интегриран електронски систем за наплата на патарина на Коридорот 10, се дел од приоритетите на Агенцијата за државни патишта (АДП) за 2011 година. Приоритет во 2011 година даваме на завршување на изградбата на автопатската делница од Коридорот 10, Табановце-Куманово, со што практично останува неизградена уште една делница од овој Коридор на потегот од Демир Капија до Смоквица, вели директорката на АДП, Наташа Валкановска, во интервју за МИА, и додава дека АДП во 2011 година ќе располага со буџет од 5.728.900.000 денари. Валкановска во приоритетите за следната година најавува и дека АДП планира и целосно завршување на изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече), како и изградба на делницата Радовиш - Струмица. Со изборот на концесионер за дел од патиштата, постапка која треба да заврши во текот на следната година, директорката на АДП најавува дека Македонија ќе добие нова автопатска инфраструктура. Следен чекор е доставување покани на квалификуваните кандидати за доставување понуди.

Изградбата на патиштата и нов систем за наплата на патарините, приоритет за 2011Завршување на автопатската делница Табановце - Куманово, продолжување со изградба и реконструкција на регионалните и локалните патишта, воведување интегриран електронски систем за наплата на патарина на Коридорот 10, се дел од приоритетите на Агенцијата за државни патишта (АДП) за 2011 година.

- Приоритет во 2011 година даваме на завршување на изградбата на автопатската делница од Коридорот 10, Табановце-Куманово, со што практично останува неизградена уште една делница од овој Коридор на потегот од Демир Капија до Смоквица, вели директорката на АДП, Наташа Валкановска, во интервју за МИА, и додава дека АДП во 2011 година ќе располага со буџет од 5.728.900.000 денари.

Валкановска во приоритетите за следната година најавува и дека АДП планира и целосно завршување на изградбата на регионалните делници Коњско - Кожуф, Коломот - мост с. Близанско (патот за Порече), како и изградба на делницата Радовиш - Струмица.

Со изборот на концесионер за дел од патиштата, постапка која треба да заврши во текот на следната година, директорката на АДП најавува дека Македонија ќе добие нова автопатска инфраструктура. Следен чекор е доставување покани на квалификуваните кандидати за доставување понуди.

Од наплата на патарина заклучно со ноември годинава Агенцијата за државни патишта инкасирала над милијарда денари. Тие пари се користат за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување, и заштита на патиштата.

- Моментно преговораме со меѓународни финансиски институции за набавка на нов електронски интегриран систем за наплата на патарина. Се планира во текот на идната година на наплатните станици на Коридорот 10 да почне поставувањето и воведувањето на новиот систем, додека на Коридорот 8, кој е дел од проектот за концесија на патиштата, е предвидено идниот концесионер да воведе таков интегриран систем - информира Валкановска. Таа, исто така, напомена дека наплатата на патарините ќе биде контролирана од Агенцијата за државни патишта преку централен систем со кој ќе бидат поврзани сите наплатни станици.

Со Годишната програма на АДП за одржување и заштита на патиштата се предвидени 970 милиони денари, кои се реализираат преку ЈП Македонија пат. Овие средства се користат за тековно, инвестициско и зимско одржување на патиштата низ целата држава.

- Во делот на заштитата редовно се преземаат активности за обезбедување на патиштата за непречено одвивање на сообраќајот, но секако најважна е безбедноста на возачите. Сведоци сме дека минатата година на патот Маврово - Дебар, кој се смета за покритичен правец особено во зимскиот период, се случи поголемо одронување на земјиштето при што овој патен правец неколку дена беше затворен за сообраќај. Факт е дека при такви одрони (лавини) со огромен наносен материјал и нема многу простор за превентивна интервенција. Годинава на овој потег се работеше на растоварување на критичните места, односно на косините на патот, а исто така поставени се и дополнителни обложни мрежи - објаснува Валкановска во интервју за МИА.

Со Проектот за реконструкција и рехабилитација на регионалните и локалните патишта, кој се реализира со заеми од Светска банка и од ЕБОР во вкупен износ од 120 милиони евра, се финансира реконструкцијата на 11 најоштетени регионални делници, со вкупна должина од 288 километри. Досега е завршена реконструкцијата на пет делници, а до крајот на годината се планира да бидат реконструирани уште три.

Според Валкановска истовремено се работи на подобрување и на локалната патна мрежа. Во согласност со динамиката за оваа година завршени се 50 локални патишта во повеќе општини, а во зависност од временските услови се очекува таа бројка да достигне 60.

- Реализацијата на овој проект ќе продолжи и во текот на 2011 година. Генерално со оваа компонента од проектот очекуваме да се реконструираат околу 200 локални патишта низ целата држава. Инаку, паралелно со реализација на заемот од Светска банка веќе почна и реализацијата на вториот дел од заемот финансиран од ЕБОР. Од овие средства 25 милиони евра ќе се користат за реконструкција на регионалните делници Ангелци - Вељуса, Радовиш - Конче - Лубница, Струга - Дебар, Демир Капија - Крњево и Кавадарци - Мушов Гроб. Веќе се потпишани договори за изведба на градежни работи на делниците Анегелци - Вељуса и Радовиш - Конче - Лубница, а до крајот на годинава ќе објавиме тендери за рехабилитација на регионалните делници Струга - Дебар и Кавадарци - Мушов Гроб - информира Валкановска.

Во текот на следната година Агенцијата за државни патишта ќе работи и на други проекти за сигнализација на патиштата, изградба на приклучоци, реконструкции и рехабилитации, мостови како и изработка на проекти за изградба на нови делници, вели Валкановска.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik